Rabia İclal Turan
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА
Официјалниот претставник од Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денес изрази загриженост во врска со бранот на насилство врз новинарите кои ги следат неодамнешните протести во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Длабоко сум загрижен од бројот на инциденти и напади од страна полицијата и демонстрантите врз новинарите кои ги следат протестите во САД во текот на изминатите неколку дена“, се вели во писмената изјава на претставникот на ОБСЕ, Харлем Дезир за Слобода на медиуми.
Протестите избија во неколку сојузни држави во САД по убиството на Џорџ Флојд, невооружениот Афроамериканец кој при приведување беше задушен од полицаец белец во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота.
„Ги замолувам Властите да преземат мерки на воздржаност и да им обезбедат на новинарите безбедна работа додека известуваат за јавните демонстрации“, напиша Дезир, додавајќи: „Улогата на слободниот печат мора да биде заштитена во секое време и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без да се соочат со насилство, апсење или заплашување“.
Многу национални и меѓународни новинари беа мета на полицијата уште од почетокот на протестите. Репортерот на Си-Ен-Ен, Омар Хименез и неговата екипа беа уапсени во Минеаполис во петокот, додека во живо ги пренесуваа протестите.