Diyar Güldoğan
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Уште пет бродови ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито од Истанбул, објави турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, што беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации (ОН) со цел надгледување на испораките.
Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега преку коридорот за жито над 345 бродови имаат пренесено преку 7,7 милиони тони земјоделски производи.