Emre Gürkan Abay
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Во Москва, главниот град на Русија, заврши процесот на делумна мобилизација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека денеска е завршен процесот на делумна мобилизација во Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин на 14 октомври објави дека околу 222.000 луѓе ќе бидат вклучени во делумната мобилизација во земјата и дека сите активности поврзани со мобилизацијата ќе бидат завршени во рок од околу две недели.
Министерството за одбрана на 21 септември соопшти дека во одлуката за делумна мобилизација се планира да бидат опфатени 300.000 лица.
По донесувањето на одлуката за мобилизација, стотици илјади руски граѓани ја напуштија земјата, а голем број од нив се преселиле во Грузија и Казахстан.
За краток период значително се зголеми и интересот за авионски билети, а на самиот почеток беа распродадени многу билети за голем број градови.