Murat Temizer
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Одлуката на полската влада да го зголеми капацитетот на Пловечката единица за складирање и гасификација на ЛНГ (FSRU) во градот Гдањск беше критикувана од еколошките здруженија во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Полска најави нови чекори кон зголемување на капацитетите за гас во земјата, имајќи ги предвид потребите на Чешка и Словачка, кои купуваа природен гас од Русија и се соочија со недостиг на снабдување поради руско-украинската војна.
Ана Москва, министерка за клима и животна средина на Полска, истакна дека капацитетот на Пловечката единица за складирање и гасификација на ЛНГ (FSRU), кој се наоѓа во Гдањск со капацитет од 6,1 милијарди кубни метри, ќе биде зголемен на 12 милијарди кубни метри.
Еколошкото здружение „Laboratory for All Beings“ во Полска, во изјавата дадена на 10 јуни истакна дека е „непотребно“ да се зголеми капацитетот на FSRU за да се напушти рускиот гас.
Здружението предупредувајќи дека земјата долго време ќе биде зависна од фосилни горива додаде дека тоа е „криминал“ во контекст на климатската криза.
Навојка Циборска, претставничката на другото еколошко здружение „Gastivist Polska“, наведе дека користењето повеќе природен гас ќе доведе до отстапување од целта за нулта емисија.
Адвокатска фирма за животна средина „ClientEarth“, со седиште во Лондон, Варшава, Берлин и Пекинг, која делува во повеќе од 50 земји, на 10 јуни соопшти дека ќе поднесат тужба против 30 проекти за природен гас што треба да се спроведуваат во Европа.
Од друга страна, полските енергетски експерти, наведуваат дека терминалите на FSRU можат да се префрлаат во други земји кога не се потребни и дека тие се дефинитивно решение за итни случаи.