Fatma Esma Arslan
13 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ДАКАР (АА) - Најмалку осум лица загинаа во терористички напад во јужниот дел на Мали што се случи вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападот го извршиле неидентификувани вооружени лица на контролен пункт во градот Кутиала, соопштија локалните власти.
Во нападот во оваа западноафриканска држава повредени се осум лица, а едно се води за исчезнато.
Во мај годинава непознати лица во близина на Кутиале киднапирале италијанско семејство и државјанин на Того.
И покрај странските воени мисии стационирани во Мали од 2013 година, терористичките групи во земјата продолжуваат да вршат напади.