Ekipa
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика САД и останатите сојузници кои се борат против ДЕАШ во Ирак да бидат внимателни и да ги разменуваат разузнавачките информации со цел да спречат евентуален обид за одмазда на теористичката група, јавува Anadolu Agency (AA).
Оланд денес изјави дека „терористите на ДЕАШ ќе се кријат” во колоните бегалци кои ќе го напуштат ирачкиот град Мосул за време на борбата. Тој зборуваше на состанокот на министрите за одбрана во Париз, кои разговараа за состојбата во Мосул.
„Мораме да бидеме во состојба јасно да ги идентификуваме” , порача Оланд.
Францускиот претседател предупреди и на странските борци во редовите на ДЕАШ кои би посакале да се вратат во својата земја, велејќи дека мораат да се презеmат мерки за тие да бидат уапсени со цел да ги спречат во извршување на евентуални напади.
Оланд истакна дека состанокот во Париз има за цел да ја подготви иднината за Мосул, а нагласи дека членовите на коалицијата мораат да помогнат да се обезбеди идната градска власт да ја претставуваат сите етнички и религиозни групи, така што ќе дојде до долгоочекуваниот мир.
На денешниот состанок во Париз присуствуваше и Еш Картер, секретарот за одбрана на САД и 12 колеги од другите западни земји.