Ekipa
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Оман денес го поздрави договорот меѓу Бахреин и Израел за нормализирање на меѓусебните односи, постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Оман ја поздравува иницијативата преземена од Бахреин во рамките на неговите суверени права“, истакна Владата во соопштението пренесено од државната новинска агенција.
Заливската земја нагласува дека „се надева дека овој нов стратешки пат ќе придонесе кон постигнување мир со ставање крај на израелската окупација на палестинските територии и воспоставување независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим.“
Во петокот, Израел и Бахреин склучија договор за воспоставување целосни дипломатски односи во втор таков чекор на Израел со неговите арапски соседи, откако минатиот месец склучи сличен договор со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Договорот беше осуден од палестинските фракции, како и од палестинските власти, кои го отповикаа својот амбасадор од Манама.
Бахреин стана четвртата арапска земја што има дипломатски односи со Израел, по Египет (1979 година), Јордан (1994) и ОАЕ во август 2020 година.