Yılmaz Öztürk,Çağrı Koşak
13 Јануари 2026•Ажурирај: 13 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Оман официјално ќе основа Меѓународен финансиски центар во главниот град Мускат за привлекување инвестиции и зголемување на глобалната конкурентност во финансиските услуги, јавува Анадолу.
Султанот Хаитам бин Тарик ал-Саид вчера издаде кралски декрет за основање на Меѓународниот финансиски центар на Оман, со цел да се трансформира главниот град во центар за меѓународни инвестиции, објави државната новинска агенција ОНА.
Со основањето на центарот, Оман е посветен на создавање сигурна и ефикасна средина, со цел обезбедување напредни финансиски услуги што ги задоволуваат потребите на глобалните инвеститори и институции.
Центарот, кој треба да се основа во областа Мединет ал-Ирфан во Мускат, би можел да се прошири и на други локации.