Bayram Altuğ
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Обединетите нации (ОН) соопштија дека 150.000 лица се погодени од поројните дождови и поплавите кои од средината на април досега го погодија Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Координативната канцеларија за хуманитарни работи на ОН, Јенс Ларке, на прес-конференција одржана преку видео-конференција во Канцеларијата на ОН во Женева информираше за хуманитарната состојба во Јемен.
Ларке нагласи дека 13 области во јужниот, западниот и централниот крајбрежен дел на Јемен се погодени од лошите временски услови, упатувајќи предупредување дека очекуваат повеќе врнежи од дожд и бура ширум земјата.
„Поројните дождови во Јемен од средината на април досега погодија околу 150.000 лица“, рече Ларке, додавајќи дека куќите на овие лица се оштетени.
Тој истакна дека оштетени се и патиштата и мостовите, контаминирани се изоврите за води, како и дојде до прекин и на основните услуги, како електрична енергија.
Ларке рече дека се поплавени и упориштата во кои се засолнија раселените лица во земјата.
Според него, Сана е најмнпгу погоден од поплавите, додека во Аден од 21 април досега е прекината електричната енергија.
Исто така, тој нагласи дека загафдените извори за вода го зголемуваат ризикот од епидемијата на маларија и колера.
„Од јануари оваа година досега во Јемен се откриени над 110.000 сомнителни случаи со колера“, додаде тој.
Ларке истакна дека најголемата хуманитарна операција во светот ја извршуваат во Јемен.