Sorvar Alam
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА
Ји Сеонг-хо, кој побегна од Северна Кореја и стана пратеник во Парламентот на Јужна Кореја, тврди дека 99 отсто е сигурен дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун е мртов и дека власта ќе ја презеде неговата сестра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Се прашував колку долго можел да издржи по кардиоваскуларната операција. Известен сум дека Ким починал минатиот викенд", рече Ји за новинската агенција „Јонхап" (Yonhap).
„Не е 100 проценти извесно, но можам дека речам дека веројатноста е 99 отсто", додаде Ји, истакнувајќи дека Северна Кореја можеби неговата смрт ќе ја потврди овој викенд.
„Се верува дека Северн Кореја се соочува со комплицирано прашање на сукцецијата", рече Ји.
Исто така ги поддржа и мислењата на некои експерти дека Ким Јо-јонг, сестрата на Ким, веројатно ќе стане следниот лидер на Северна Кореја.
Ји истакна дека Северна Кореја веднаш не ја соопштила веста за смртта на својот лидер и не прогласила ден на жалост, бидеји се соочува со комплицирано прашање на сукцесијата.
Ким не е виден во јавноста од 11 април, кога претседавл со состанокот на владејачката Работничка партија. Наводно починал поради последици од компликации со срцето.
Во медиумите во претходните денови се појавија информации дека Ким Јонг-ун имал кардиоваскуларна операција и дека по операцијата е во „вегетативна состојба", но таквите информации не се официјално потврдени.