Rania R.a. Abushamala
25 Јануари 2024•Ажурирај: 26 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 9 лица се убиени, а 75 се ранети во израелското гранатирање на Центарот за обука на Обединетите нации (ОН) кој им даваше засолниште на раселените лица во градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објави Агенцијата на ОН за бегалци, пренесува Анадолу.
„Два тенковски проектила ја погодија зградата во која се наоѓаа 800 луѓе“, потврди Томас Вајт, директорот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека тимовите на УНРВА и СЗО се обидуваат да дојдат до овој центар.
Репортерот на Анадолу извести дека во Центарот за обука избувнал пожар како последица на израелското гранатирање.
Израелската војска во вторникот соопшти дека ја завршила опсадата околу градот Хан Јунис, за кој Тел Авив тврди дека е упориште на Хамас.