Betül Yürük
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
Обединетите нации (ОН), Европската Унија (ЕУ), Африканската Унија и Арапската Лига упатија апел за повлекување на странските сили и странските платени војници од Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Објавена е заедничка декларација по виртуелниот состанок во врска со Либија одржан со учество на ОН, ЕУ, Африканската Унија и Арапската Лига.
Во декларацијата се поздравува важната фаза до која е дојдено на патот кон наоѓање сеопфатно решение за кризата во Либија.
Според декларацијата, Претседателскиот совет на Либија, Владата на национално единство и другите институции даваат целосна поддршка во оваа насока.
Во оваа декларација се вели дека изборите кои се планирани да се одржат на 24 декември во Либија, треба да се реализираат врз заедничка правна рамка и да се одржат во сеопфатна, транспарентна и безбедна средина.
Исто така, во декларацијата се нагласува дека се осудуваат прекршувањата на ембаргото за оружје поставено кон Либија од страна на ОН.
Се истакнува дека надворешните воени интервенции се неприфатливи и дека странските сили и платените војници треба да се повлечат од Либија.