Ekipa
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Најмалку 60.000 лица ги напуштија своите домови во Јужен Судан, каде што речиси четири недели се водат борби меѓу спротивставените воени фракции во главниот град Џуба, соопшти Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), пренесува Anadolu Agency (АА).
УНХЦР наведе дека околу 52.000 лица побегнале во Уганда, 7.000 во Судан и 1.000 во Кенија.
Според податоците на ОН, околу 900.000 жители на Јужен Судан ја напуштија својата земја од избивањето на граѓанската војна во декември 2013 година. Мировниот договор, постигнат минатата година, постојано е загрозен поради борбата.
Луѓето кои го напуштаат Јужен Судан пријавија дека вооружени групи се враќаат кон Уганда. ОН наведува дека 85 отсто од населението што доаѓа во Уганда се жени и деца.
ОН исто така наведува дека во судирите е погодено мнозинство од 250.000 бегалци од други земји, кои пронашле засолниште во Јужен Судан.
Јужен Судан се опоравува од двегодишната граѓанска војна откако претседателот Салва Кир го обвини поранешниот заменик, Риек Мачар за обид за државен удар во 2013 година, Тој спроведе бунт против него. Новите судири избија на 8 јули, меѓу силите лојални и на двајцата водачи.
Судирите избија два месеца по формирањето на транзициската влада на национално единство.