Betül Yürük
08 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ЊУЈОРК (AA) - Стефан Дујарич, гласноговорникот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), изјави дека е потребно да се гарантира безбедноста на новинарите на подрачјата каде се водат вооружени судири, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето за тоа како го коментира нападот на израелската авијација на зградата во која е канцеларијата на новинската агенција Anadolu Agency (AA) во Појасот Газа, Дујарич истакна дека безбедноста на секој новинар е многу важна.
Во нападот на израелските борбени авиони на Појасот Газа во сабота погодена е зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency (AA). Израелските авиони ја погодија зградата со најмалку пет проектили.
Нападите се случија по извештаите дека двајца израелски војници во петок се повредени во пукање во близина на тампон-зоната помеѓу Израел и Појасот Газа.