Betül Yürük
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ЊУЈОРК (AA) – Обединетите нации (ОН) формираа независна комисија која ќе спроведе истрага за воздушниот напад кој на 19 септември е изведен врз хуманитарниот конвој на ОН и сириската полумесечина во местото Урум кај Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Секретаријатот на ОН, Стефан Дујарик, на редовната дневна конференција за медиумите соопшти дека Комисијата за спроведување на истрагата за нападот врз хуманитарниот конвој е оформена по директива на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Комисијата по истрагата ќе подготви детален извештај и ќе го предаде на првиот човек на ОН, Бан.
Дујарик рече дека за наредните чекори во врска со тој случај одлука ќе донесе генералниот секретар Бан, но дури по увидот на извештајот на Комисијата.
Потсетуваме, во воздушниот напад врз меѓународниот хуманитарен конвој во Алепо загинаа најмалку 18 лица.