Mahmoud Mohamed Barakat
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Светската програма за храна (WFP) денеска соопшти дека од јануари следната година ќе ја намали помошта во храна кон Јемен кој е погоден од војна поради недостиг на средства, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) соопшти дека ѝ снемуваат средства за помош на 13 милиони Јеменци. Во јануари Агенцијата на ОН ќе обезбеди помош во храна која ќе може да ги задоволи потребите на 8 милиони луѓе.
„Преостанатите 5 милиони луѓе ќе бидат подложни на глад. Секојпат кога го намалуваме количеството на храна, знаеме дека сѐ повеќе луѓе кои веќе се гладни и немаат обезбедено храна, ќе се придружат кон редовите на милиони кои гладуваат“, изјави Корина Флајшер, регионалната директорка на Светската програма за храна за Блискиот Исток и Северна Африка.
Јемен е терен на судири и насилства од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хуси ја презеде контролата во поголемиот дел на земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалира една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на Владата на Јемен и почнаа да изведуваат воени напади врз позициите на бунтовниците.
Обединетите нации предупредуваат дека во Јемен на сцена е една од најголемите хуманитарни кризи во светот со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и недостиг на основни услови за живот.
Неодамнешниот извештај на ОН предвидува дека бројот на загинати во седумгодишниот судир во Јемен ќе достигне 377.000 до крајот на годината.