Alaattin Doğru
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Првата СМС-порака во историјата на светот најде купувач за 107.000 евра на аукцијата одржана во Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 3 декември 1992 година во Англија, во СМС-пораката испратена до тогашниот директор на „Водафон“, Ричард Џарвис, преку телефон на „Орбител“, пишуваше „Среќен Божиќ“.
Оваа порака е продадена на аукција во аукциската куќа „Агутес“ во Франција во формат НФТ (Non-fungible token).
Единствената дигитална копија од оригиналниот протокол за комуникација, која ја пренесе првата СМС-порака во историјата, ја купил неидентификуван Канаѓанец кој работи во технолошката индустрија за 107.000 евра.
„Водафон“ ќе го донира приходот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.
НФТ дозволува сопственоста на уникатни дигитални пораки да се купуваат или продаваат. Технички опфаќа сѐ што е дигитално, вклучително илустрации, анимирани ГИФ-пораки, па сѐ до песни или видеоигри.
НФТ која беше непопуларна до пред една година, се смета за новата „златна кокошка“ на пазарот на модерна уметност.