Muhammed Boztepe
27 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Генералштабот на Вооружените сили на Турција (ТСК) денеска соопшти дека во операцијата „Маслинова гранка", која на денешен ден мината седмица беше покрената со цел неутрализирање на терористичките елементи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ во Сирија, до сега се неутрализирани 394 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генераштабот на Турција е наведено дека операцијата „Маслинова гранка" во Африн се одвива според предвидениот план.
Од почетокот на операцијата, во воздушните напади се уништени 340 цели кои членовите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ ги користеа како засолништа и складишта на оружје и муниција.
Во судирите со терористите загинаа тројца припадници на турските Вооружени сили, а 30 се ранети. Загинаа и 13 припадници на сириската Ослободителна армија (ФСА), а ранети се 24.
Операцијата во која учествуваат и припадници на ФСА, покрената е со цел воспоставувње на безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.
Операцијата во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Во март минатата година, Турција успешно ја заврши седмомесечната офанзива Штитот на Еуфрат на северот на Сирија и ги исчисти терористичките елементи на тоа подрачје, а од минатата сабота е започната слична операција на турските сили во Африн, кој под окупација го држат терористите на ПЈД/ПКК.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јуни 2012 година без судири ја препуштија контролата на Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто на сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат помеѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 80-те години од минатиот век води терористичка кампања против Турција и до сега во тие терористички напади животот го загубија околу 40.000 лица.