Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Најголемата опозициска партија во Грција ги започна подготовките за предвремени избори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во грчките медиуми, најголемата опозициска партија Радикална левичарска алијанса (SYRIZA) на вчерашната седница на Управниот одбор им поделила задачи на 38 члена на партијата за подготовките за општите избори.
На средбата, лидерот на опозицијата, Алексис Ципрас, зборувал за можноста за одржување предвремени општи избори во септември.
Ципрас, кој сака уште сега да се објави датумот на предвремените избори за да може да се одржат избори во септември, побара од Владата, Националниот совет за надворешна политика да ги информира сите политички партии за националните прашања во предизборниот период.
Во интервју за порталот capital.gr грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, пак, истакнувајќи дека сака да го заврши својот четиригодишен мандат, рече: „Сепак, апелирам до сите да не ја ескалираат напнатоста за да не дојде до долг предизборен период со големи тензии.“
Истакнувајќи дека граѓаните може да изгубат интерес за политиката, Мицотакис како пример ги наведе француските избори и посочи дека стапката на учество на изборите може да биде ниска.
- Предвидувања за датум за предвремени избори -
Василис Јогакас, пратеник на владејачката партија Нова демократија, за телевизија „Контра“ истакна дека предвидува дека земјата може да одржи предвремени избори на 25 септември или 2 октомври.
Последните општи избори во Грција се одржаа во јули 2019 година. Партијата Нова демократија, предводена од Мицотакис, дојде на власт сама со 39,85 отсто од гласовите, освојувајќи 158 места во 300-члениот Парламент.