Adam Abu-bashal
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
АБУЏА (АА) - Побаран е откуп за 36 лица киднапирани на 19 јуни во напади на две цркви во нигериската држава Кадуна, известува Агенција Анадолија (АА).
Емирот на заедниците Рубу, Елиша Мари, изјави дека е побаран откуп од 100 милиони нигериски наи (приближно 226.000 евра) во замена за ослободување на 36 лица, кои од страна на вооружени лица на мотоцикли биле киднапирани од две цркви во областа Каџуру на 19 јуни.
Од друга страна, државниот комесар за внатрешна безбедност и внатрешни работи на Кадуна, Самуел Аруван, изјави дека во регионот продолжуваат операциите за спасување на заложниците.
Три лица загинаа, а 36 беа киднапирани во нападите извршени од страна на вооружени лица врз две цркви во областа Каџуру во провинцијата Кадуна на 19 јуни.
Со смртна казна се казнува киднапирањето во Нигерија, но сепак, киднапирањата за откуп се честа појава во земјата.
Во рамки на борбата против зголемените безбедносни проблеми во земјата исплатата на откуп за киднапирање е забранет.