Bilgin S. Şaşmaz
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ЧИКАГО (АА) – Викендов, во оружени напади во Чикаго животот го загубија 9 лица, а 26 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата даде изјава во врска со нападите во Чикаго кои траеја од петокот вечерта до синоќа.
Според ијзавата, во различни случаеви загинале 9 лица, а 26 се повредени меѓу кои и две деца на 9 и 15-годишна возраст.
Еден од оружаните напади се случил во дом во областа Фернвуд, во јужниот дел од градот. Полициските екипи во домот ги затекнале мртвите тела на двајца мажи и две жени. Во врска со случајот започната е истрага.
Друг напад се случил во забавен автобус за кого младите пројавуваат голем интерес. Во автобусот, што се движел во подрачјето Лејк Шор Драјв, имало забава а меѓу клиентите избувнала расправија по што тројца лица биле ранети. Ранетите биле хоспитализирани во најблиските болници.
Во Чикаго оваа година во оружани напади убиени се 701 лица, а околу 4.050 се повредени.