Muhammet Nazım Taşcı
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
ИСЛАМАБАД
По пад во провалија на патнички автобус кој сообраќал во пакистанската област Азад Џаму и Кашмир, според првичните сознанија, животот го загубиле 23 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, автобус со повеќе од 30 патници кој се движел на релацијата Азад Џаму Кашмир кон Равалпинди, од сè уште неутврдени причини, излетал од патот и паднал во провалија во местото Паландри.
Според првичните сознанија, во несреќата животот го загубиле 23 лица.
Во тек се операции за пребарување и спасување на преживеаните.