Saadet Firdevs Aparı
03 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
МАДРИД (АА) - Официјалните претставници на островот Ла Палма, Шпанија, ги советуваа жителите во близина на вулканот да останат во домовите поради обилниот пепел, поради кој се откажани голем број летови и е запрена наставата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението кое во вторникот го објавија службите за итни случаи на Канарските Острови, е наведено дека квалитетот на воздух на тоа подрачје е особено низок поради големото количество честички во воздухот.
Откажани се и сите летови кон и од островот.
Вулканот Кумбре Виеха, кој е активен од 19 септември, шест недели исфрла лава и пепел.
Експертите не очекуваат дека вулканот ќе згасне за брзо време.