Yusuf Hatip
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан го продолжи рокот за напуштање на земјата за 1,5 милиони регистрирани бегалци од Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за информации на Пакистан, Мариам Аурангзеб изјави дека бегалците од Авганистан треба да ја напуштат земјата до крајот на декември 2017 година.
Според она што го соопшти, на граничната област помеѓу Авганистан и Пакистан ќе се примени визен режим за контрола на граничниот премин.
За време на граѓанската војна во Авганистан во 90-тите години, голем број бегалци побараа засолниште во Пакистан.
Претходно, Пакистан одобри рок со кој до 31 март 2017 година, авганистанските бегалци треба да ја напуштат земјата.