Islam Uddin
28 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 10 пакистански војници загинаа во напад на безбедносна контролна станица, во близина на југозападната граница на земјата со Иран, соопшти пакистанската војска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Армијата севели дека терористи извршиле напад во областа Кеч на провинцијата Белуџистан.
„Еден терорист беше убиен и неколкумина се повредени“, додадоа оттаму.
Подоцна во акцијата за пребарување биле уапсени тројца терористи.
Ослободителниот фронт на Белуџистан, забранета милитантна група во провинцијата, ја презеде одговорноста за нападот.
Премиерот Имран Кан силно го осуди нападот.
Големата провинција Белуџистан е стратегиски важна поради богатите резерви на бакар, цинк и природен гас.
Белуџистан, која зафаќа околу 42 проценти од Пакистан, е клучната рута на Кинеско-пакистанскиот економски коридор од 64 милијарди долари, кој има за цел да ја поврзе кинеската, стратегиски важна северозападна провинција Ксинџијанг со пакистанското пристаниште Гвадар преку патна мрежа, железници и цевководи за транспорт на карго, гориво и гас.