Ekipa
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
МУЛТАН (АА) - Пакистанската полиција соопшти дека бројот на починати, како последица од труење со фалсификувани алкохолни пијалоци за време на Божиќ, се искачи на 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицаецот Атиф Имран Куреши изјави дека десетици луѓе се пренесени до болниците во градот Тоба Тек Синг, во источен Пакистан, по конзумирањето на токсичен пијалок.
Беше соопштено дека во градот денес починале 15 лица, додека во други места претходниот ден починаа 12 лица.
Покрај тоа, полицијата приведе седум лица осомничени за продажба на фалсификувани алкохолни пијалоци. Алкохолот е забранет во поголемиот дел од Пакистан каде што живеат муслимани, но е дозволено припадниците на другите верски групи да го конзумираат и купуваат во лиценцирани продавници.
Најголемиот број христијани, поради ниските приходи купуваат домашни алкохолни пијалаци, кои се достапни, но кои предизвикуваат смрт речиси секоја година.