Yusuf Hatip
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во експлозија која се случи на Универзитетот „Белуџистан” во Кета, југозападен Пакистан, загинаа двајца полицајци, а пет лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од регионалната полициска управа, експлозивната направа е активирана во паркот на универзитетот.
Не се знае кој ја поставил бомбата. Никој не презеде одговорност за нападот.