Saadet Gökce
13 Септември 2025•Ажурирај: 14 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 101 лице загинаа во поплавите низ пакистанската покраина Пенџаб, соопшти официјален претставник на Покраинската управа за справување со катастрофи (PDMA), јавува Анадолу.
Катастрофата, која е опишана како најголема во историјата на Пенџаб, поплави повеќе од 4.700 села и погоди 4,57 милиони луѓе, според најновиот извештај на комесарот за помош Набил Џавед.
Џавед истакна дека 2,51 милиони луѓе и повеќе од 2,01 милиони грла добиток се преместени во побезбедни подрачја.
Генералниот директор на Покраинската управа за справување со катастрофи, Ирфан Али Катија, рече дека спасувачките и операциите за пружање помош продолжуваат, но истакна дека обемот на катастрофата ги исцрпила ресурсите.
Севкупно, од 26 јуни, обилните монсунски дождови и ненадејните поплави предизвикаа 932 смртни случаи, 1.060 лица беа повредени, а оштетени или уништени се над 8.238 куќи, според податоците на Обединетите нации (ОН).