Dildar Baykan
10 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Поради поврзаност со напади врз цивили, војници и џамии во Пакистан, погубени се четворица талибанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од пакистанската војска соопштуваат дека талибанците во текот на судењето признале дека се поврзани со напади врз цивили, припадници на војската и џамии.
После тоа изречена им е смртна казна по што се погубени. Смртната казна во Пакистан е повторно воведена по нападот на военото училиште во Пешавар кон крајот на 2014 година, во кој загинаа 150 лица, главно деца.