Ekip
08 Март 2025•Ажурирај: 09 Март 2025
ГАЗА (АА) - За жените во Појасот Газа, кој се претвори во „зона на духови“ како резултат на израелската офанзива која започна пред речиси 16 месеци, 8 Март, Меѓународниот ден на жената, стана „ден на глад, жед и сиромаштија“ и оваа година како и минатата, јавува Анадолу.
Ум Мухамед, која живее во шатор во бегалскиот камп Буреиџ, се бори да го одгледа својот единствен преживеан син Махмуд.
Таа ги загубила сопругот и останатите деца, а и самата била повредена во израелски напад во градот Газа.
Секој ден за неа е борба за обезбедување храна во тешките услови во енклавата поради израелската офанзива и блокадата.
Палестинката Ум Ахмед Абу Ајада, пак, која го загуби сопругот од рак поради недостапките здравствени услуги во Газа, се бори да преживее со своите 4 деца во шатор во бегалскиот камп Буреиџ во централна Газа.
Ум Ахмед помага да го издржува своето семејство продавајќи производи на тезга која сама ја направила.
Додека светот го одбележува Денот на жената, палестинската модна дизајнерка, пак, Ебу Даба се обидува да заработи за своето семејство со правење поправки на облека со машина за шиење во импровизиран шатор во Рафа.
Вала Абу Даба, која надмина огромни предизвици во Појасот Газа за да стане моден дизајнер, ги загуби и професијата и продавницата, на која и посветила години, во израелските напади врз Рафа.
Сега се бори да преживее и да го издржува своето семејство со поправка на облека, и понатаму не ја губи надежта дека ќе се врати на нејзината страст, модниот дизајн.
Над 48.400 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а повеќе од 111.800 се повредени во бруталниот израелски напад врз Газа кој започна во октомври 2023 година.
Офанзивата, која ја остави енклавата во урнатини, беше прекината со договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници што стапи на сила на 19 јануари.