Gülşen Topçu
12 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
ГАЗА
Израелските воени авиони извршија воздушни напади врз неколку позиции во Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската војска на Твитер соопшти дека се погодени набљудувачки точки, воен комплекс и тунел, кој го користат припадниците на Хамас.
Војската соопшти дека дека споменатиот напад е извршен како одговор на тоа што се пратени балони на хелиум, во кои се наоѓале запаливи материјали.
Сведоците наведуваат дека нападот е извршен на пет позиции, од кои три на јужниот дел на Газа, а две источно од градот Рафа.
Не е познато дали во нападите имало настрадани лица.