Anees Suheil Barghouti
23 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
ВИТЛЕЕМ (АА) - Повеќе од 7.000 спортисти од целиот свет учествуваа на шестиот по ред Палестински маратон, кој се одржа во петокот во Витлеем, град на Западниот Брег, во јавува Anadolu Agency (AA).
Според Абдул Гани, координатор на Маратонот, натпреварувачите од 72 земји учествуваа со тркачите од Палестина.
Mаратонот се одржа под мотото: „Слобода на движењето“, a започна од плоштадот пред Базиликата „Исусовото раѓање“.
Потоа натпреварувачите трчаа покрај злогласниот израелски ѕид што го дели Западниот Брег.
Гергир Марани (45) за Anadolu Agency (AA) изјави дека учествувал на Маратонот за да покаже солидарност со палестинскиот народ.
„Јас сум тука со мојата сопруга и двете деца. Ја посетивме Палестина за Велигден и одлучивме да учествуваме на Маратонот, со цел да се промовира пораката на слободата“, рече Марани.
Покрај класичниот маратон од 42 километри, имаше уште три трки од пет и десет километри, како и полумаратон.