Ahmet Gençtürk
30 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
АНКАРА/КУДС (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас се состана со израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, во градот Рамала на Западниот Брег, соопштија палестински извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа беше прв состанок на највисоко ниво помеѓу Палестинците и Израелците од формирањето на новата израелска влада во јуни.
„За време на состанокот беа разгледани безбедносните и економските ситуации во Газа и Западниот Брег, а Израел ја увери палестинската страна дека ќе преземе мерки за зајакнување на палестинската економија“, објави Ганц на Твитер.
Хусеин ал Шеик, членот на Централниот комитет на Фатах и шеф на палестинската Општа управа за цивилни работи, потврди дека за време на состанокот се разговарало за „сите аспекти“ на палестинско-израелските односи.