Safiye Karabacak
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја прифати оставката на Владата, чиј претседател е Рами ал Хамдала, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според палестинската државна новинска агенција ВАФА, претседателот Абас ја прифатил оставката на Владата на Хамдала и од него побарал да продолжи да ја врши функцијата додека не се формира нова влада.
Откако Централниот комитет на движењето Фатах во неделата донесе одлука со препорака за формирање нова влада, денес палестинскиот премиер Рами ал Хамдала му ја понудил својата оставка на претседателот Махмуд Абас.
Во писмената изјава по состанокот на Централниот комитет одржан во неделата под претседателство на Абас, во градот Рамала во окупираниот Западен Брег, се истакнува дека е донесена одлука за формирање нова влада. На истиот состанок препорачано е да се формира комитет кој ќе спроведува консултации во однос на темата со групите кои се наоѓаат во составот на Палестинската ослободителна организација (FKÖ).
Палестинската ослободителна организација (FKÖ) е единствениот легитимен претставник на Палестинците, прифатен од страна на Арапската лига и Обединетите нации (ОН). Во составот на Палестинската ослободителна организација (FKÖ) се наоѓаат групите Фатах и Народниот фронт за ослободување на Палестина (FHKC), Палестинскиот ослободителен фронт, Арапскиот ослободителен фронт и Народната партија на Палестина.
Од 2007 година кога Хамас дојде на власт во Газа, во Палестина има политички поделби. За последен пат, во рамките на преговорите во египетскиот главен град, Каиро, на 12 октомври 2017 година се потпиша „договор за помирување“, со цел да се стави крај на поделбата на Палестина.