Mohamad Misto
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Најмалку осум цивили загинаа во воздушен напад на подрачјето на Багоз, во сириската покраина Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите ги извршија коалициските сили предводени од САД, со цел чистење на тоа подрачје од терористичката организација ДЕАШ.
Локалните медиуми наведуваат дека Багоз често е цел на бомбардирање. Синоќа загинаа осум цивили и тоа три жени и пет деца.
Коалициските сили сè уште не се огласија во врска со овој случај.
Терористичката организација ДЕАШ во моментот во покраината Деир ез Зое под окупација држи неколку помалку места.
Источните, западните и северните периферии на Деир ез Зор во моментот се под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, на кои во заземањето на тие краеви им помогна американската Војска. Таа терористичка група под окупација во моментот држи речиси третина од територијата на Сирија.
ЈПГ/ПКК во септември минатата година, со воздушна поддршка на САД, а копнена на Франција, започна со нападите со цел чистење на Деир ез Зор од ДЕАШ.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, исто така под контрола држат одредени западни делови на таа покраина.