Muhammed Nuri Erdoğan
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Турција, во рамките на посетата што ќе се одржи во периодот 9 - 11 јули ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји.
За време на состаноците ќе се дискутира за чекорите што можат да се преземат за понатамошниот развој на соработката меѓу Турција и пријателската и братска палестинска држава.
Исто така, ќе се оценува хуманитарната состојба во Палестина и најновите случувања во израелско-палестинскиот конфликт. Ќе бидат разменети мислења за изборите планирани да се одржат во Палестина и за помирувањето меѓу Палестинците.