Barış Seçkin,Kayhan Gül
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, му упати телеграма со сочуство, поради терористичкиот напад во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Ватикан се наведува дека папата Фрањо со длабоко жалење ја прими веста за терористичкиот напад во Анкара.
„Со длабоко жалење ја примивме веста за бомбашкиот напад во Анкара кој на многу трагичен начин предизвика губење на човечки животи и бројни ранети лица. Папата Фрањо порача дека со духовна блискот и солидарност е покрај турскиот народ. Неговите молитви се за жртвите на нападот, нивните фамилии и ранетите”, се наведува во соопштението на Ватикан.
На крајот се наведува дека папата Фрањо со молитва кон Бога, побарал мир, брзо опоравување и сила на турскиот народ.
Потсетуваме дека во терористичкиот напад којшто се случи во неделата во Анкара, на автобуска станица во центарот на градот, се убиени 37 додека над 120 лица беа повредени. Нападот го осудија функционери и организации ширум светот.