Ekipa
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
ВАТИКАН (АА) - Ватикан потврди дека папата Францис заедно со патријархот Бартоломеј на 16-ти април ќе ги посетат мигрантите на грчкиот остров Лезбос, како симболичен знак на солидарност, јавува Anadolu Agency (АА).
Ватикан соопшти дека папата ја прифатил поканата на духовниот водач на православните христијани, патријархот Бартоломеј и Прокопис Павлопулос, претседателот на Грција.
Папата Френсис, кој е дете на италијански мигранти во Аргентина, отворено зборуваше за моралната обврска на Европа да ги прифати мигрантите и бегалците. Посетата на католичкиот и православниот духовен лидер на Лезбос може додатно да ги засрами лидерите на Европската унија, кои веќе се под притисок од здруженијата за заштита на човековите права.