Париз: Убиен најмалку еден терорист, ранети тројца полицајци
- Според локалниот француски медиум Фигаро, најмалку тројца осомничени напаѓачи загинаа, а три други лица се уапсени во тековната безбедносна операција
Hajer M'tırı
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ПаризПАРИЗ (АА) - Тешко огнено оружје и експлозии беа пријавени од Сен Дени, предградие во северниот дел на Париз, во средата наутро, за кое локалните медиуми велат дека се дел од тековната полициската акцијаповрзана со нападите минатиот петок, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалниот француски медиум Фигаро, најмалку тројца осомничени напаѓачи загинаа, а тројца други се уапсени при операцијата. Двајца полицајци се повредени.
Сепак, полицијата допрва треба да даде официјална изјава во врска со жртвите. Полициската акција започнала во 04:30 часот, по локално време и беше поврзана со потрагата по бегалецот, "деветтиот напаѓач", објавија француските медиуми.
Француски воени сили беа распоредени на улиците на Сен Денис. Најмалку три воени камиони можеа да се видат на местото на настанот. Дидие Пилард, градоначалникот на Сен Денис, рече дека операцијата се одвива во Rue de la République, во центарот на Сен Денис, во близина на Базиликата.
Пилард рече дека сите патишта кои водат кон местото биле затворени, додавајќи дека училиштата во населбата нема да работат.
Вклучен и „Деветти напаѓач“
Абделхамид Абауд, Салах Абдиселам и осомничениот, за кој се смета дека е деветтиот напаѓач, се смета дека се директно вклучени во масовните убиства во петокот.
Абауд (27), се верува дека е „умот“ на нападите во Париз. Белгиец со мароканско потекло, Абауд беше идентификуван од страна на полицијата како екстремист по престрелка во источна Белгија во јануари за време на рација врз една ќелија на Даеш.
Тој беше осуден на 20 години затвор од белгискиот суд на почетокот на оваа година, откако му се судеше во отсуство, за регрутирање на борци за Даеш во Сирија. Полицијата пронајде напуштен црн Волксваген Поло, со белгиски регистарски таблички, во 18 –тата област во вторникот, кои, наводно, кој го најмил Абдеселам, осмиот осомничен, кој е во бегство. Наводно Абдеселам изнајмил Фолксваген Поло во Белгија, со кој ги носел некои од напаѓачите до нивните цели.
Неговиот брат, Ибрахим, се разнесе во близина на Батаклан.
Другиот брат, Мухаммед, беше уапсен во Белгија, а подоцна ослободени без обвинение.
Во вторникот, француската полиција започна потера за можен деветти напаѓач вклучен во нападите во петокот во Париз.