İlayda Çakırtekin
03 Февруари 2026•Ажурирај: 04 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Одделот за киберкриминал при париското обвинителство денес соопшти дека започнал претрес во француските простории на американската компанија за социјални медиуми Х во сопственост на американскиот технолошки милијардер Илон Маск, во рамките на тековната истрага, јавува Анадолу.
Преку социјалните мрежи обвинителството информираше дека претресот бил спроведен во соработка со Европол и Единицата за киберкриминал при француската полиција.
Акцијата е дел од истрагата отворена во јануари 2025 година, поврзана со начинот на функционирање на алгоритмите на платформата.
Според француската телевизија БФМТВ, Илон Маск и поранешната извршна директорка на X, Линда Јакарино, се повикани на „доброволни сослушувања“ на 20 април од париското обвинителство.
Во соопштението се наведува и дека надлежните органи повеќе нема да комуницираат преку платформата X и дека натамошната комуникација ќе ја продолжат преку ЛинкдИн или Инстаграм.