Kasım İleri
18 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон соопшти дека Сириските демократски сили (SDF), параванот на ПЈД/ПКК, се обучуваат за трансформација од борбени сили во „сили за воспоставување на стабилност“ и „сили за контрола на територија “, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерик Пахон, портпаролот на Пентагон, за АА ги коментираше дискусиите кои следуваа во врска со прашање за формирање на „погранични безбедносни сили“ во Сирија.
Тој истакна дека тука станува збор за обука која е замислена за да се воспостави безбедност за повратниците во своите домови во Сирија.
„Обуката која ја пруживме на локалните безбедносни сили во Сирија е окарактеризирана погрешно“, изјави Пахон, додавајќи дека цел на оваа обука е да се спречи заминувањето на терористите на ДЕАШ надвор од земјата.
„Истовремено, целта на оваа обука е да се спречи заминувањето на терористите на ДЕАШ надвор од земјата откако се приближи крајот на оваа терористичка организација и откако почна да се распаѓа. Ова, како што е претходно наведено, не е некоја војска, или како што е протолкувано, погранична стража“, изјави Пахон.
Тој истакна дека обуката продолжува, не прецизирајќи го бројот на припадниците кои ја поминуваат обуката.
На прашањето на новинарот дали споменатите безбедносни сили можат да се протолкуваат како полициски сили, Пахон изјави дека тој тоа не го гледа на тој начин.
„Не сакам тоа да го окарактеризирам како полициски сили, но ова е некој вид на безбедносни или стабилизациски сили или некој вид на сили за контрола на територијата“, изјави портпаролот на Пентагон.
Тој додаде дека и под „силите за контрола на територијата “ не подразбира поширока територија, напоменувајќи дека тука првенствено мисли на „заштита на помало подрачје“.
„ ДЕАШ замира и затоа гледаме кон иднината, кон следниот чекор. Пружаме обука за да го оствариме тој следен чекор, поточно да воспоставиме стабилност. Сеуште е рано да се протолкува сето ова бидејќи сеуште траат вооружените судири. Може да се каже дека започнавме со оваа транзиција, но пак велам, судирите сеуште траат. Кога вооружените сили ќе останат без цел, ќе имаме транзиција од обука за воени дејства во обука за воспоставување на безбедност и стабилност“, изјави Пахон.
Тој нагласи дека нивна главна цел е на подрачјата, од кои ги протераа ДЕАШ, да не дозволат враќање на терористите.
На крајот истакна и дека ја разбираат загриженоста на Турција во врска со формирањето на споменатите сили.
Потсетуваме, САД неодамна најавија дека меѓународната коалиција против ДЕАШ предводена од САД, со Сириските демократски сили (SDG), група контролирана од терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе основаат нови погранични безбедносни сили (BSF) од 30.000 војници.
Турција го осуди овој потег, истакнувајќи дека е погрешно и спорно да се соработува со терористичката организација ПЈД/ПКК во броба против ДЕАШ.