Ekipa
19 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушни напади во Идлиб, Сирија, кој е прогласен за зона без судири, загинаа пет додека најмалку 30 цивили се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Хаџ Јусуф, началникот на Цивилната одбрана на Идлиб, за АА изјави дека руските авиони во вечерните часови извршиле напади врз цивилните населби Саракиб, Марат ал-Нуман и Кан ас-Субул во Идлиб.
„Во нападите во Марат ал-Нуман загинаа четири, а во Саракиб еден цивил. Ранети се најмалку 30 лица“, изјави Јусуф.
Тој истакна дека во нападите на цивилните подрачја користена е и напалм бомба.
„Во нападите на руските авиони е користена напалм бомба, забранета со меѓународните конвенции“, изјави Јусуф.
Тој додаде дека тимовите на Цивилната заштита завршиле со акцијата на спасување, и ранетите биле префрлени во најблиските болници.
Од друга страна и „банката за крв“ во местото Саракиб, во јужниот дел на Идлиб беше цел на воздушните напади.
Хасан Кадур, директорот на „банката за крв“, за АА изјави дека руските авиони во вечерните часови го погодиле и овој објект кој пружа услуги на стотици цивили на тоа подрачје.
„Нашиот центар во моментот е надвор од функција поради материјалната штета која ја претрпе“, изјави Кадур.
Во воздушните напади во Идлиб во текот на последниот месец загинаа 110 цивили, а ранети се најмалку 240.
Идлиб и околината на состанокот во Астана одржан минатата година се прогласени за зони без судири.Сепак, припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија повремено го кршат примирјето.