Kasım İleri
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон по ракетниот напад ПЈД/ПКК на турскиот град Килис, порача дека го осудува секој напад на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Кенет Ф. Мекензи, портпаролот на Пентагон, на прес-конференцијата изјави дека САД се во постојан контакт со Турција.
„Немам многу информации во врска со овој напад, но секако дека ги осудуваме нападите на ПКК на Турција. Во контакт сме со Турција за да го минимизира влијанието на ваквите закани“, изјави Мекензи.
На прашање на новинарот на АА дека претходно е дадено ветување дека ќе биде собрано тешкото оружје пратено на Сириските демократски сили (SDF), параванот на ПЈД/ПКК во Сирија, Мекензи изјави дека споменатото оружје ќе биде собрано по завршувањето на операцијата против терористите на ДЕАШ.
„Ова оружје ќе биде собрано кога ќе се заврши операцијата против ДЕАШ. Знаете дека се продолжува операцијата против ДЕАШ во долината на Еуфрат. Оваа опрема СДФ таму ја користи во позитивни цели", изјави Мекензи.
Терористите на ПЈД/ПКК од сирискиот пограничен регион Африн го рактетираа центарот на турскиот пограничен град Килис, а во нападот немаше загинати.
Нападот се случи рано утринава, а проектилот погоди и во поголема мера оштети двокатна куќа во Килис.
Операцијата „Маслинова гранка“ во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Оттогаш терористите од сирискиот регион извршуваат постојани напади врз цивилите во турските погранични региони Килис и Хатај.
Во нападите се убиени вкупно петмина цивили, меѓу кои двајца бегалци од Сирија, а ранети се најмалку 72 лица, меѓу кои има и деца.