Sinan Doğan
11 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
Досега шест лица го загубија животот во поплавите предизвикани од поројните дождови во северниот дел на Перу, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Националниот институт за цивилна одбрана (INDECI), 749 куќи се поплавени поради поројните дождови што ги зафатија Пиура и Ламбајеке.
Како резултат на поројните дождови животот го загубиле шест лица, а операциите за пребарување и спасување продолжуваат без прекин.
Националниот институт за цивилна одбрана (INDECI) соопшти дека се очекуваат сериозни врнежи од дожд во градовите Кахамарка, Ламбајеке, Пиура и Тумбес, и дека е даден црвен аларм во овие подрачја.
Властите нагласија дека постои голем ризик од прелевање на реките, предупредувајќи ги граѓаните да бидат внимателни.