Sinan Doğan
26 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
БОГОТА
Во јужноамериканската држава Перу опозициските партии од Конгресот побараа разрешување на претседателот Педро Кастиљо поради „трајна морална неспособност“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со собрани 28 потписи, предлогот до Конгресот го поднесоа три опозициски партии, обвинувајќи го Кастиљо за незаконско користење на средствата дадени за време на изборната кампања, како и за морална неспособност.
Според перуанскиот закон, 87 од 130 члена на Конгресот треба да гласаат за отповикување на претседателот од функцијата.
Аналитичарите и локалните медиуми тврдат дека опозициските партии немаат доволно поддршка во Конгресот за да се дискутира за предлогот и тој да биде усвоен.
Опозицијата тврди дека власта ги малтретирала медиумите, не дала отчет пред јавноста и не вложила никакви напори за да обезбеди слобода на изразување.
- Реакција од Владата
Премиерката Мирта Васкез, реагирајќи на обвинувањата на опозицијата, изјави дека барањето за импичмент претставува напад врз народната волја и демократијата.
- Улогата на Конгресот во Перу
Мартин Вискара, поранешниот претседател на Перу, беше отповикан од функцијата поради „трајна морална неспособност“ со 105 гласа „за“, 19 „против“ и 4 „воздржани“, на гласањето во Конгресот на 10 ноември 2020 година.
По разрешувањето на Вискара на 10 ноември, Мануел Мерино стана привремен претседател, но на 15 ноември беше принуден да поднесе оставка под притисок на Конгресот.
Претходниот претседател на земјата, Педро Пабло Кучински, исто така, ја напушти функцијата во 2018 година по процесот за негов импичмент.