Dmitri Chirciu
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
МОСКВА
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не постои разлика во ставовите на Русија и Турција во однос на сирискиот град Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков за новинарите го оцени телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Истакнувајќи дека помеѓу Русија и Турција нема различни ставови околу решавањето на прашањето за Идлиб, Песков истакна: „Мора да постигнеме прекин на огнот во тој регион. Треба да се прекинат нападите таму каде што се наоѓаат руските војници, вклучувајќи го Хмејмим и Идлиб“.
Песков, осврнувајќи се на набавката на системите за противвоздушна одбрана „С-400“ од страна на Турција, рече: „Овој договор секако важи и се наоѓа во фаза на имплементација. Турција неколку пати ја потврди својата посветеност во однос на договорот.“
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера во телефонскиот разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека е потребно што е можно побргу да се обезбеди прекин на огнот во Идлиб и потоа повторно да се фокусираат на процесот на политичко решавање на ситуацијата во Сирија.