Hakan Ceyhan Aydoğan
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека нема да има ефективна борба против тероризмот во Сирија без соработка со САД, јавува Anadolu Agency AA
Во изјавата за московските медиуми Песков рече: „Ние сме подготвени за соработка. Сметаме дека без соработка со САД, нема да има ефективна борба против тероризмот во Сирија. Меѓутоа, проблемот е во американските партнери“.
На новинарско прашање за тоа дали повторно ќе започне соработката помеѓу Русија и САД, Песков рече: „Ова прашање треба да им се постави на нашите американски партнери“.
Од друга страна, претседателот на комитетот за меѓународни односи при федеративниот совет на Горната дума на парламентот, Константин Косачев, изјави дека Русија ќе се повлече од Сирија, кога ќе се воспостави ред и закон во државата.
„Ние, во никој случај нема да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Русија ќе излезе оттаму, кога ќе се воспостави ред и закон во Сирија“, изјави Косачев.