Mustapha Dalaa,Çağrı Koşak
10 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ТРИПОЛИ
- Мустафа ДАЛА
Конфликтите меѓу легитимната Влада во Либија, Владата за национално единство (UMH) и милицијата поврзана со водачот на пучот, Калифа Хафтар, се интензивираат на пет стратешки точки околу главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поминаа десет месеци откако Калифа Хафтар со својата милиција го започна нападот за преземање на главниот град Триполи.
Во главниот град, во четвртокот навечер се слушнале силни експлозии. Според очевидците, милицијата на Хафтар со артилериско оружје и ракети ја нападнала околината на аеродромот „Митига“.

Владата за национално единство (UMH), која го контролира Триполи, има пет стратешки кампови кои се од голема важност за одбрана од нападите на Хафтар.
Во судирите меѓу страните најмногу се користат тактиките „нападни“ и „повлечи се“. Доминацијата врз овие воени точки се од витално значење за безбедноста на Триполи.
Петте воени кампови со стратешка важност во одбраната на Триполи кои се под контрола на Владата за национално единство (UMH), се:
- Кампот „Тикбали“
Кампот „Тикбали“ се наоѓа на 10 километри од главниот град. Силите на Хафтар го презедоа при нападот во областа Саладин на 26 декември 2019 година. Но, силите на Владата за национално единство (UMH) на 2 јануари 2020 година повторно ја презедоа контролата врз кампот.
Кампот „Тикбали“ се наоѓа во критична позиција во однос на доминацијата на регионот Саладин.
- Кампот „Штабот на командантите“
„Штабот на командантите“, кој се наоѓа на патот кон аеродромот, на 27 декември 2019 година беше преземен од силите на Хафтар. Владата за национално единство (UMH) на 2 јануари 2020 година повторно ја презеде контролата.
Во контранападот силите на Владата за национално единство (UMH) обезбеди контрола над воениот камп и околината.
- Кампот „Хамза“
Силите на Хафтар, кампот „Хамза“, кој се наоѓа на 15 километри јужно од Триполи, го зазедоа на 13 декември 2019 година. Исто така, во близина на кампот кој се наоѓа во населеното место Ебу Селим има и затвор.
Регионот во кој се наоѓа кампот „Хамза“ привлекува внимание со својата стратешка локација, која се опишува како порта на југот на главниот град.
- Кампот „Јермук“
Кампот „Јермук“, кој се смета за еден од најголемите и најважните воени кампови, се наоѓа во регионот Хилет ал Фурчан на југот на Триполи.
Покрај кампот „Јермук“, во оската на регионот Саладин се наоѓа и воено-полицискиот камп „Ес-Саварих“.
Кампот беше заземен откако Хафтар нареди напад на главниот град Триполи, на 4 април 2019 година. Контролата на кампот се менуваше последователно меѓу силите на Владата за национално единство (UMH) и милицијата на Хафтар.
Се соопштува дека кампот станал речиси неупотреблив поради постојаните рации и напади со бомби, а многу луѓе од двете групи го загубиле животот во овој камп.
- Кампот „Наклије“
Кампот „Наклије“, кој се наоѓа на аеродромскиот пат и е оддалечен 20 километри од главниот град, се наоѓа на стратешка позиција за одбраната на Триполи.
Контролата врз кампот се менуваше последователно помеѓу силите на Владата за национално единство (UMH) и милицијата на Хафтар. Силите на Хафтар за време на нивната контрола, од кампот организираа напади кон градот.
И на крај, на 28 декември 2019 кампот беше заземен од страна на силите на Хафтар, но истиот ден Владата за национално единство (UMH) повторно ја презеде контролата врз кампот.
- Што се случи?
На 4 април, Хафтар, кој командува со силите со седиште во источна Либија, нареди започнување операција за заземање на главниот град Триполи и тврдеше дека тоа ќе го направат за 48 часа.
Потоа, единиците на меѓународно признатата Влада за национално единство (UMH) ја започнаа операцијата „Буркан ал-Гадаб“.
Не можејќи да ја постигне својата цел, Хафтар, неодамна, на 12 декември нареди нов напад на Триполи насловена како „Одлучувачка војна“.
Како одговор на нападот на пучистот Хафтар, беше најавена мобилизација во 10 градови, на чело со градот Мистрата, на западниот дел на земјата.