Aysu Biçer
11 Мај 2023•Ажурирај: 12 Мај 2023
ЛОНДОН (АА) – Во Финска се урна пешачки мост, при што се повредени 27 лица, главно деца, јавуваат финските медиуми, пренесува Анадолу.
Регионалната спасувачка служба на Хелсинки соопшти дека несреќата се случила во 9:30 часот по локално време во Еспо, недалеку од главниот град Хелсинки.
Управата на болницата во Хелсинки, исто така, потврди дека меѓу повредените има многу деца на училишна возраст.
На сликите објавени од финските медиуми се гледаат неколку луѓе што лежат на земја.