Cüneyt Karadağ,Erbil Başay
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Канцеларијата за заштита на германскиот Устав (BfV), Томас Халденванг, изјави дека борбата против меѓународната терористичка организација ПКК во Германија продолжува, јавува Агенција Анадолија (АА).
На претставувањето на Извештајот за заштита на Уставот за 2021 година, Халденванг рече дека ПКК извршила напади во Туркије (Турција) и продолжува да врши убиства.
„Тие собираат донации во Германија и ги користат за финансирање на тероризмот во Туркије. Германија се смета за место за одмор и повлекување на ПКК. И тука настојуваат да воспостават политичко влијание. Тие прават напори да ги убедат младите да се приклучат на ПКК од Европа. На овој начин тие се обидуваат да регрутираат луѓе во војници. Против тоа се бори и Германија“, рече Халденванг.
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Физер, рече дека ставот на нејзината земја кон ПКК останал непроменет и дека борбата против меѓународната терористичка организација ПКК продолжува.
Во извештајот на германската разузнавачка служба се вели дека ПКК е најголемата странска терористичка организација во земјата.
Во годишниот извештај се наведува дека во Германија се наоѓаат 14.500 следбеници на терористите на ПКК и дека земјата се користи за собирање средства и ширење пропаганда.
Канцеларијата за заштита на германскиот Устав (BfV) наведува дека терористичката организација ПКК собрала 16,7 милиони евра (околу 17,8 милиони долари) во „донации“ во Германија минатата година.
Следбениците на терористичката организација ПКК минатата година извршија повеќе од 300 кривични дела во Германија, вклучително и насилни напади.
Германските власти открија 150 терористи на ПКК кои биле на боиштата во Сирија и Ирак, а во последните години се вратиле во Германија.